1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирисот на ксенофобијата

10 септември 2011

Град на северот од Италија предизвика бес меѓу мигрантите, откако стави забрана за продажба на „засмрдени“ странски јадења, посебно ќебапи.

https://p.dw.com/p/12F1q
Ќебапите се чувале на отворено и мирисале лошоФотографија: Bilderbox

 

Одлуката на општинските власти да забранат продажба на ќебапи и други „нетрадиционални“ јадења во еден град на северот од Италија предизвика гнев кај локалните мигранти. „Да забраниш ќебапи во Цитадела е како да ја забраниш пицата во Париз или Њујорк“, вели Абдала Кезраји, член на Регионалниот совет за имиграција за италијанскиот регион Венето.

Минатиот петок, градскиот совет на Цитадела изгласа закон за запирање на издавањето лиценци на продавачите кои сакаат да продаваат ќебапи во градот со средновековни ѕидини во регионот Венето.

Заштита на традицијата

Döner-Tasche
Зад неиздавањето лиценци за продажба на странски јадења се крие нетрпеливост кон доселеницитеФотографија: picture-alliance/ dpa

„Оваа храна секако не е дел од нашата традиција и од нашиот идентитет“, изјави градоначалникот Масимо Битончи, кој доаѓа од редовите на анти-имиграциската партија „Северна лига“, која е дел од владината коалиција на премиерот Силвио Берлускони.

Битончи кажа и дека ќебапите не одговараат на нивниот историски центар, поради начинот на кој тие јадења се јадат, но и поради миризбата што излегува од нив. Тој забраната ја оправдува и со здравствени причини, велејќи дека одлуката се однесува на јадења кои се зготвени, а потоа оставени на отворено подолго време.

Зголемена популарност

Кебапите, кои се мелено месо често сервирано во леб, потекнуваат од Блискиот Исток, но во минатите години станаа се попопуларни во Италија и можат да се најдат во градови низ Европа.

Битончи веќе го имаше во медиумите во 2009-та година, поради неговите контроверзни мерки против питачите и уличните продавачи, како и ограничувањата на паркирањето на камперите, што беше протолкувано како обид да се држат на страна заедниците кои транзитираат низ неговиот град.

Автор: Давид Левиц/ Александар Методијев

Редактор: Борис Георгиевски