Михаел Рот: Цртање нови граници на Балкан е опасен пат
16 април 2021Германскиот државен секретар за Европа, преку порака објавена на Твитер, истакнува дека иднината на државите од Западен Балкан е само како мултикултурни и мултирелигиски општества. Рот смета дека приоритет на Западен Балкан е работа на помирување и соработка, а не промена на границите, што е и официјален став на ЕУ.
„Земјите од Западен Балкан имаат иднина само како мултиетнички и мултирелигиски општества. Регионалното помирување и соработка се клуч за мирот, демократијата и просперитетот. Поставувањето нови граници е опасен пат“, напиша Рот.
Повеќе на темата:
Јанез повторно би цртал граници
Ехото на приказните од Словенија за „мирно разделување“ на БиХ
Реакцијата на Михаел Рот стигнува по контроверзниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во кој станувало збор за прекројување на границите на Западен Балкан. Во тој контекст се споменувало обединување на Албанија со Косово и дел од Северна Македонија, истовремено како и одвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина. Темата предизвика жолчни реакции во државите на Западен Балкан.