Во Сараево се одржа регионална конференција „Емиграција на младите од земјите од Западен Балкан - решенија низ политиките“, која се занимаваше со прашањето на иселување на младите, а беше во организација на Националниот демократски институт во БиХ и со партнерство од подмладоците на девет политички партии во БиХ. Меѓу учесницитет беше и македонската пратеничка Ивана Туфегџиќ.