1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Навални: Отровот во шише вода- не во чај?

СН/дв
17 септември 2020

Критичарот на Кремљ, според наводите на неговиот тим, бил отруен во Русија во хотел во сибирскиот град Томск. Здравствената состојба на Алексеј Навални, кој се наоѓа на лекување во Германија, е значително подобра.

https://p.dw.com/p/3ibUW
Russland Vergiftungsfall Nawalny Wasserflasche
Фотографија: @NAVALNY/Social Media/Reuters

Рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со шише минерална вода во својата хотелска соба во сибирскиот град Томск, а не на аеродромот како што се мислеше порано, изјави неговиот тим на видео снимка објавена на профилот на Навални на Иnстаграм.

Навални минатиот месец нагло се разболе на меѓугратски лет во Русија, а потоа со авион беше префрлен во Берлин на лечење. Германија вели дека е отруен со неуротоксинот „Новичок“. Русија пак вели дека нема докази оти е отруен.

Поддржувачите на Навални  реагираа на коментарите на руските официјални лица дека не би имало никаква смисла за Москва да го отруе политичкиот противник, чија стапка на популарност е исклучително ниска, едвај два отсто.

Russland Vergiftungsfall Nawalny Wasserflasche
Фотографија: @NAVALNY/Social Media/Reuters

Повеќе:

-Русите сакаат да го испрашуваат Навални

-Кој има поголеми штети од случајот Навални - Путин или Германија?

-Се заострува судирот помеѓу Берлин и Москва поради Навални

Руската постојана мисија во ЕУ соопшти дека нема никаква причина руските власти да го отрујат Навални со воен нервен агенс и потоа да му дозволат да отпатува во Германија, каде би можела да се забележи отровната супстанца.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, рече дека резултатите на регионалните избори одржани за време на викендот, на кои кандидатите кои го поддржуваат Навални освоија места во два сибирски града, покажале оти поддршката од Русите за Навални е многу поголема.

Кремљ, соочувајќи се повици од некои западни политичари да се заострат санкциите за Москва, соопшти оти не смета дека труењето на Навални би му донела полза на кого било, пренесуваат агенциите.

Deutschland Berlin | Selfie am Krankenbett | Alexej Nawalny
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Nawalny

Организацијата за забрана на хемиско оружје прими од Германија барање за пружање на техничка помош во врска со можното труење на Алексеј Навални, се наведува во соопштението на оваа организација. Како што нагласуваат од Организацијата за забрана на хемиско оружје, помош се пружа во согласност со членот 8 од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје.

Германската влада на 2 септември, повикувајќи се на лабораторијата на Бундесверот, соопшти дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со супстанцата од групата хемиски бојни отрови „Новичок“.