1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над 100.000 Украинци станаа бегалци по руската агресија

БГ /АП
24 февруари 2022

Стотина илјади граѓани на Украина се во бегство по руската инвазија врз земјата, соопшти УНХЦР. Во првиот ден од руските напади загинале најмалку 137 цивили, а стотици се повредени.

https://p.dw.com/p/47Z5d
Ukraine Konflikt | Ukrainische Flüchtlinge überqueren die Grenze zu Ungarn
Фотографија: Bernadett Szabo/REUTERS

УНХЦР се уште нема прецизни бројки за бројот на раселените Украинци по почетокот на руската агресија, но проценува дека најмалку 100.000 морале да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште во друго место. Според портпаролот на УНХЦР во Украина се случува „значително раселување“ на населението, а дел од луѓето се обидуваат да ја напуштат земјата. 

Претседателката на Молдавија Маја Санду соопшти дека повеќе од 4.000 луѓе во четвртокот ја преминале границата од Украина. Нејзината влада подготвила два бегалски кампови.
„Нашите граници се отворени за луѓето од Украина на кои им е потребно безбедно засолниште или сакаат да поминат“, рече Санду. 

Ukraine | Menschen in Kiew suchen Schutz in Metro-Stationen
Граѓани на Киев засолнети во подземна станица на метрото Фотографија: Daniel Leal/AFP/Getty Images

На украинско-унгарската граница колоната возила со луѓе кои бегаат од конфликт е долга неколку километри. Унгарските власти очекуваат дека бројот на бегалци во нивната земја би можел да достигне и до 500.000 луѓе. 

Во Романија во четвртокот пристигнале над 5.000 бегалци од Украина, двојно повеќе од средата кога егзодусот на Украинците веќе беше започнал. 

Забранет излез за мажи од Украина 

Поради прогласената воена состојба, на сите мажи на возраст од 18 до 60 години им е забрането да ја напуштаат земјата, соопштија украинските власти. На тие луѓе не им е дозволено да ја преминуваат државната граница. 

Ukraine Autos fahren quer über die Felder, um die Stadt Kharkiv zu verlassen
Луѓе бегаат од Харков преку полињаФотографија: ANTONIO BRONIC/REUTERS

Во првиот ден од руската агресија загинале најмалку 137 цивили, а стотици се повредени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Министерот за здравство Виктор Лиашко изјави дека во болниците се прави прераспределба за да се ослободи место за жртвите од агресијата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема