Тероризам
Напад во Барселона
17 август 2017Реклама
Во напад со мало товарно возило во шпанскиот град Барселона се убиени повеќе лица, според некои информации - десетина лица. Шпанските власти вечерва соопштија дека делото го третираат за терористички напад. Според информациите, комбето влетало во група луѓе кои се наоѓале на еден од омилените булевари во Барселона, каде постојано владее голема раздвиженост. Возачот на возилото бил човек висок околу еден метар и 70 сантиметри, јавува весникот „Ел периодико де Каталанија“. Полицијата трага по напаѓачот. Реонот го каде се случил нападот е блокиран.