НАТО ја презема командата на југот од Авганистан
31 јули 2006Безбедносната ситуација во Авганистан, посебно на југот од земјата, во последните месеци се влоши до степен каков што беше до падот на деспотскиот режим на Талибанците кон крајот на 2001. Од почетокот на годинава во напади и вооружени судири во целата земја загинаа повеќе од илјада и 600 лица. Ова ја потресе довербата на граѓаните во способноста на владата да воспостави стабилни односи.
Авганистанската влада се надева префрлањето на командата на ИСАФ врз НАТО да придонесе талибанските милиции од далечните села на југот бргу да бидат протерани за да престане тероризирањето на населението. Меѓутоа, оваа задача може да биде потешка отколку што се мисли. Посмтарачите укажуваат на недостатоци кај НАТО, пред се во логистиката, воздушната поддршка и опремата за спасување. Од друга страна, војниците на НАТО ќе мораат да се прилагодат на променетата тактика на Талибанците кои сега избегнуваат директна конфорнтација и, според ирачкиот пример, повеќе внимание им посветуваат на самоубиствени напади. Тоа значи дека единиците на НАТО повеќе од досега ќе зависат од соработаката со авганистанската полиција која пак е лошо подготвена за ефикасна борба против тероризмот.
Паралено со ова расте незадоволството на населението од владата поради тоа што обновата на земајта е во ќорсокок. Владата нема јасен концепт за економска обнова и за воспоставување стабилни односи. Пртеседателот на пратијата на националниот конгрес, Латиф Педрам за структурната криза го обвинува Карзаи:
„Ние сме соочени си огромна сиромаштија, невработеност и незадоволство. Многумина се принудени да ја напуштат земјата. Нема перспектива за политички и економски развој на земјата, а учеството на населението во власта и во политичкиот систем има големи дефицити„.
Место да ги поддржува демократските сили, претседателот Карзаи се потпира врз конзервативците и строго религиозните сили. Касим Агар, еден од најпознатите политички коментатори во земјата вели:
„Државата премногу се потпира врз иедолошко-религиозните кругови за сите активности и решенија. Владата на тој начин очигледно се инструментализира за да може да го задуши по желба секој глас за слобода„.