НАТО ќе дискутира дали беше успешна досегашната стратегија во Авганистан
7 февруари 2008Реклама
НАТО веќе осма година е ангажиран во Авганистан, каде во
моментов има 43 илјади војници на Алијансата. Најголем дел се
од САД, кои сега од другите земји на НАТО бараат повеќе
борбени трупи за југот на Авганистан. Такви барања доаѓаат и од
Канада и Холандија, кои би сакале да го намалат бројот на свои
војници на југот на Авганистан.
Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ја фали
работата на обнова, што ја вршат германските војници на
северот, но им се приклучи на барањата за германски трупи и на
југот на Авганистан, искажувајќи незадоволство од ситуацијата во
таа земја: „Нема никакво сомневање дека посакувам поголем
напредок на различни фронтови - било да е во прашање
сузбивањето на догледување дроги, подобро водење на владата
или одбраната на територии што ние ги освоивме на бојното
поле“.
Одговорот во Авганистан не е војнички, туку цивилен
Во Вилнус ќе мора да се дискутира дали беше успешна досегашната стратегија на НАТО - сузбивање на терористите и талибанците со паралелно воено обезбедување на обновата на земјата со релативно ограничени средства. Шефер се обидува да ги отстрани сомневањата во таа стратегија укажувајќи дека напредува обуката на авганистанската армија и оти има успеси во борбата против востаниците: „Тоа е обврска поставена на долг рок. Колку е подобро обучена авганистанската армија, толку повеќе одговорност ќе може таа да преземе. Одговорот во Авганистан не е војнички, туку цивилен, а обновата и развојот бараат долг здив“. Важно е на луѓето да им се даде економска перспектива - само така племенските водачи ќе можат да ги одвратат младите луѓе од одење во Пакистан на обука за талибански борци. „Од моја перспектива, клуч за успеси е блискиот контакт со локалното население и неговите племенски и религиозни водачи. Ним им е нужна помош кај основните потреби. Тие не бараат премногу, туку сакаат да го имаат она што им е потребно за опстанок на заедницата“ - пренесува искуство од лице-место полскиот генерал Бизиевски.
Ако не од Германија, тогаш трупи од Франција?
Германија одбива проширување на својот ангажман во Авганистан, па во НАТО надежите сега се свртени кон Франција. Претседателот Саркози, кој сака повторно воено да ја интегрира својата земја во Алијансата, би можел да испрати дополнителни трупи. Генералниот секретар Шефер е сигурен дека на крајот сепак ќе биде обезбедено нужното засилување на заштитните трупи ИСАФ со војници и опрема.
►◄

Реклама