Wahlen Landtag D
29 јануари 2008Реклама
Роланд Кох сакаше да покаже „чисто конзервативен профил“ во Хесен, односно јасно да ги каже своите гледишта и да се диференцира од другите партии. Прво го зема како повод бруталниот напад врз еден пензионер за да го направи изборна тема криминалитетот на младите странци. Подоцна во неговата предизборна кампања беа лепени плакати со порака: „Да се запрат Ипсиланти, Ал-Вазир и комунистите“. Претстава за непријатели не се прави од партиите на социјалдемократите и зелените, туку од нивните врвни кандидати со странски имиња: Андреа Ипсиланти, која го носи презимето од разведениот сопруг -Грк, и Тарек Ал-Вазир, син на Јеменец и Германка. Во дикцијата на Кох левите социјалисти се „комунисти“.
Неговата стратегија значеше посегнување по докажани средства - пред девет години тој дојде на власт со кампањата за собирање потписи против двојното државјанство за странците во Германија. Но, времињата се променија - и во Хесен исто така. Предизборната кампања на страв, прикриената игра со непријателско расположение спрема странците, му се врати како бумеранг. Во споредба со 2003-та, ЦДУ во покраината загуби една четвртина од избирачите. Многумина, навистина, сметаат дека со криминалитетот на младите странци Кох зафати важен проблем, но тие го отфрлуваат неговото инструментализирање во предизборната борба. Првокласна шлаканица за поларизаторот, победа на политичката култура, можеби не само во Хесен.
Граѓаните не се плашат од странци или коминисти, туку од неизвесната иднина
49-годишниот Кох засега може да ги стави ад акта своите амбиции да стане кандидат на ЦДУ за канцелар - уште повеќе и поради тоа што неговиот внатрепартиски ривал Кристијан Вулф постигна сигурна победа во Долна Саксонија и е новиот принц-престолонаследник на канцеларот Ангела Меркел. За неа, пак, од изборната вечер во Хесен барем една добра вест може да биде: еден конкурент помалку. Но, и за канцеларот резултатот од изборите донесе предупредувачка порака: стилот на Кох не може да биде стил и на кампањата за сојузните парламентарни избори наредната година. Во моментов страв на граѓаните не им предизвикуваат странци или комунисти, туку побргу неизвесната иднина - помеѓу надеж за удел во гласно најавуваниот стопански замав - од што многумина ништо не почувствуваа, и стравувањето од последиците на новата криза на берзите. Тоа е грижата дека социјалната праведност се’ повеќе губи чекор во глобализираното, од обрачи ослободено пазарно стопанство. Од тоа во обете покраини профитира Левичарската партија, досега закотвена пред се’ во источните покраини. Сега и’ успеа да направи пробив и во западот на Германија. Како и во другите европски земји, и овде се етаблира партија која стои полево од социјалдемократите. Таа не сака само да врши притисок врз социјалдемократите по прашањето за социјална праведност, туку среднорочно би можела да дојде во прашање и како коалиционен партнер за црвено-црвени коалиции и на западот, какви што на истокот одамна егзистираат.

Реклама