1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Не беше геноцид“

Рихард Фукс / Е.М. Фиданоска23 април 2015

Бундестагот утре треба да го корегира ставот на Германија за масакрот над Ерменците од страна на Османлиското царство пред 100 години. Тоа ги лути здруженијата на Турците, кои обвинуваат за фалсификување на историјата.

https://p.dw.com/p/1FDLJ
Фотографија: imago/IPON

Повеќе здруженија на Турците во Германија сметаат дека е голема грешка ако германскиот Бундестаг утре злосторствата врз Ерменците пред 100 години ги изедначи со геноцид. Во текот на вчерашниот ден за збор се јавија претставници на Турската заедница Берлин и здруженијата „Дијалог за мир“ и „Мислата на Ататурк“ и ги обвинија германските политичари за недоволно разбирање на историјата. Она што се случувало со ерменските христијани од 1915 година во Османлиското царство не било планиран геноцид, велат тие. Али Сујлемезоглу, претеседател на 15-членото здружение „Дијалог за мир“ е убеден во тоа: „Било слично како меѓусебно убивање во војна.“

„Никој не ги негира страдањата на ерменскиот народ“

Додека во Ерменија, 20 други земји и во меѓувреме и во Германија „масакрот“ и „протерувањата“ на Ерменците пред 100 години во голем дел ги означуваат како геноцид, турската политика и натаму го отфрла ваквиот опис. Таквиот став се отсликува и меѓу Турците во Германија, нагласува Бекир Јилмаз, претседател на Турската заедница Берлин. „Минимум 80 проценти од луѓето во Германија со турско потекло ја отфрлаат ваквата квалификација.“

Никој не го негира страдањето на ерменскиот народ поради депортациите, вели Јилмаз, додавајќи: „Но, тоа не било геноцид.“

Во масакрот кој се случил пред 100 години во Османлиското цатрство, значи на територијата на денешна Турција, загинале околу 1,5 милиони Ерменци. Трите турски здруженија сметаат дека и ова е фласификување на историјата. „Бројката 1,5 милиони не е точна“, убеден е Али Сојлемезоглу. Жртви на масакр, според него, биле мал број Ерменци. Најголемиот дел го загубиле животот поради големиот глад, тврди Сојлемезоглу.

Deutschland Türkische Gemeinde Deutschland PK zu Armenien-Völkermord
Ончел, Сојлемезоглу и ЈилмазФотографија: imago/IPON

„Гаук ги пречекорува своите компетенции“

Тоа што папата Франциско неодамна масакрот и протерувањата на Ерменците ги нарече „прв геноцид во 20. век“ ги разгневува германско-турските фунционери во здруженијата. „Папата никогаш не бил гласник на вистината. Напротив, папството е повеќе познато по тоа што ги потиснува вистините“, вели Сојлемезоглу.

Како што се вели во Берлин, на комеморацијата вечерва во Берлинската катедрала сојузниот претседател Јоахим Гаук би можел да го следи примерот на папата и исто така да зборува за геноцид врз Ерменците. Тоа за турската заедница би било јасно пречекорување на компетенциите: „Ако господинот Сојузен претседател зборува за геноцид, тогаш ги пречекорува своите компетенции“, нагласува Сојлемезоглу. Ниту Гаук ниту германскиот Бундестаг немаат право еден настан да го квалификуваат правно како геноцид. Право да пресудува за такво нешто има само суд.

Karte Siedlungsgebiete der Armenier 1915 Deutsch
Подрачја каде биле населени Ерменци во 1915 година

Подготвеност на дијалог

Сепак, претседателот на Турската заедница Берлин, Бекир Јилмаз, потенцира дека има подготвеност за дијалог. Тој се надева дека германската политика би презела пред се‘ посредничка улога. „Ерменците не ни се непријатели“, вели Јилмаз.

Тој си посакува претставници на турската и ерменската заедница во Германија да почнат дијалог со германско посредство. „Тогаш германската политика би направила нешто навистина добро.“

Меѓутоа, како што додава Јилмаз, понудите за разговори досега биле постојано одбивани од ерменска страна. Истото обвинување ерменските здруженија го упатуваат на сметка на турската заедница. Тоа веројатно е и причината зошто досега нема ерменско-турски комисии за историја кои би се занимавале со оваа тема.