1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ни Заев, ниту ВМРО-ДПМНЕ знаат каде е Груевски

13 ноември 2018

Премиерот Зоран Заев не знае дали Груевски побегнал од државата. Во ВМРО-ДПМНЕ немаат информации каде е нивниот почесен претседател, кој преку Фејсбук порача дека бара азил во Унгарија.

https://p.dw.com/p/38Aos
Mazedonien Premierminister Nikola Gruevski & Zoran Zaev SDSM
Фотографија: MIA

Премиерот Зоран Заев бара да се остават службите да го решат случајот околу можното бегство на експремиерот Никола Груевски од државата. Според Заев, прво треба да се утврди дали Груевски навистина е во бегство, но отфрла каква било одговорност за институциите кои не успеале да го спречат евентуалното негово бегство.

„Полицијата без налог не смееше ниту да го следи, ниту пак да му се доближи на Груевски, ниту пак да презема некакви активности, изминатите денови. За тоа постојат судски наредби. Сега има налог за потерница која е распишана. Институциите верувам дека ќе ја завршат работата без да ги повредат неговите права и без да биде повреден законот“, вели Заев.

Засега никој нема одговор на прашањето како успеал Груевски да ја напушти државата без лични документи. Кривичниот суд потврди дека на Груевски му се одземени и приватниот и дипломатскиот пасош.