Нова ера за Грција
7 јули 2015Резултатот на референдумот за многумина беше неочекуван, посебно толку големата поддршка за г-дин Ципрас. Денес почнува нов ден за Грција и сега започнуваат големите проблеми. Сметам дека г-дин Ципрас мора да биде подготвен за веродостојни преговори за да го поврати кредибилитетот кој го згaуби во последно време.
Мислам дека грчкиот народ - и оние кои гласаа за „не“ и оние кои беа за „да“- очекува добар резултат од тие преговори. Тоа е историска обврска за г-дин Ципрас.
Бидејќи мојата генерација доживеа тешки времиња на граѓански војни и поделби, се надевам дека тој јаз создаден меѓу „да“ и „не“ ќе биде повторно премостен. Во тоа би требало да помогнат и европските пријатели и партнери кои сега треба да бидат помирувачки и конструктивни кон една членка на Европската унија и на еврозоната која заслужи подобра иднина.
Трогнат сум поради тоа што имам можност да зборувам за ДВ, по 40 години откако оваа радио-станица како најважна во Европа им помогна на Грците и им даде храброст да се изборат против диктатурата.
Уште се сеќавам на тогашниот тим на ДВ, некои веќе не се меѓу нас. Се сеќавам со носталгија. Мислам дека со вредностите за кои тогаш се боревме останавме верни на нашиот проевропски пат и демократија.
Карлос Папуљас е правник и политичар. Од 8. февруари 2005. до 13. март 2015 беше грчки претседател.