Нови бегалци пред Лампедуза
24 август 2014Италијанската морнарица на еден бегалски брод пред островот Лампедуза денеска пронајде 18 мртви тела. Како што известуваат италијанската новинска агенција Анса и други италијански медиуми, брод на морнарицата го открил бегалскиот чамец јужно од Лампедуза. Покрај 18 мртви тела спасувачите откриле и 73 преживеани бегалци.
Италијанската морнарица го надгледува Средоземното Море со месеци во рамките на мисијата „Маре нострум“. Оваа мисија е стартувана откако минатата година стотици луѓе се удавија во обидот да пребегаат кон Европа преку Средоземното Море. Според податоци на УНХЦР, од почетокот на годинава повеќе од 100.000 бегалци дошле преку Средоземното Море во Италија.
Само од петокот до денеска на потегот меѓу Сицилија и брегот на Либија и Тунис се пронајдени повеќе од 3.500 бегалци. Вчера италијанската морнарица и крајбрежната служба преземаа повеќе спасувачки акции.