1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов бран од над три илјади бегалци стигна до Италија

ЖА/миа/ртре/афп31 мај 2014

Толкава бројност на бегалци во еден ден немало одамна: над три илјади луѓе пристигнаа во Италија од северна Африка во рок од 24 часа. Меѓу илегалните мигранти кои стигнаа најбројни се Сиријците.

https://p.dw.com/p/1C9wV
Фотографија: Mauro Seminara/AFP/Getty Images

Италијанската морнарица денеска соопшти дека во изминатите 24 часа од бродовите во Средоземно Море пресретнала и привела речиси 3.000 илегални емигранти, кои биле тргнати на опасно патување преку Средоземното Море.

Морнарицата соопшти дека денеска собрала 1.300 емиграната, во петокот извлекла уште 1.443 лица и при тоа од еден брод евакуирала 264 деца. Уште 200 лица се земени во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Само годинава од северна Африка до Европа се дојдени најмалку 39.000 лица, додека оваа бројка во цела 2013 година изнесуваше 43.000. Италија стана најчестата дестинација за илегален влез на имигранти во земјите на Европската унија.

Кон оваа земја секоја година тргнуваат десетици илјади рибарски бродови кои го минуваат Средоземното Море во обид илегалците да се дофатат до европското тло и до азил.

Според италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано, стотици илјади луѓе чекаат на бреговите на Африка за да стигнат до Европа. Тој побара поголема помош од европските партнери, зашто Италија не може да се справи самата со бегалскиот бран.

Според податоците на ОН, во последните 20 години во таквите „акции“ настрадаа меѓу 17.000 и 20.000 лица.