Нов наплив на бегалци пред брегот на Италија
19 март 2014Југот на Италија е изложен на натамошен наплив на беглаци. Во рок од помалку од 48 часа италијанските бродови прифатиле 2.100 мигранти кои на 15 чамци се упатиле кон Европа.
Само во текот на ноќта кон средата морнарицата, крајбрежната стража и трговските бродови спасија вкупно 1.500 бегалци. Повеќето од нив потекнуваат од Сирија. Тие биле на пат од Северна Африка и биле однесени на Сицилија, бидејќи бегалскиот камп во Лампедуза е затворен поради тоа што се реновира.
Консеквенци од бегалските трагедии
По почетокот на построго надгледување на границата во Средоземното Море пред пет месеци италијанската морнарица спаси околу 11.500 бегалци. Италија со тоа реагираше на двете бегалски трагедии пред Лампедуза, кога непосредно пред брегот се удавија голем број луѓе.
Последно во вторникот во шпанската енклава Мелиља во Северна Африка пристигнаа повторно 500 бегалци - што е најголемиот број на бегалци во последните десет години.