„Одличен“ разговор на Обама и Трамп во Белата Куќа
11 ноември 2016По неговата изненадувачка победа на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд Трамп беше примен на разговор во Белата Куќа од актуелниот претседател Барак Обама. По разговорот Обама и Трамп ја уверија јавноста во САД дека ќе сторат се за мирна транзиција на власта во САД. „Мој приоритет во наредните месеци е да се погрижам за тоа, новоизбраниот претседател да биде успешен“, рече Обама и обраќајќи му се на Трамп додаде: „Ако Вие сте успешни, и земјата ќе биде успешна“.
Обама по средбата која траеше 90 минути оцени дека разговорите бил “одлични”.
“Без оглед на партијата или политичката ориентација, мислам дека сега е важно да се обединиме и соработуваме”, изјави Обама. Идниот потстанар во Белата Куќа,Трамп пред новинарите истакна дека има голема почит за Обама и оти со “нетрпение очекува да соработува со демократскиот претседател и да ги слушне неговите совети”.
„Навистина зборувавме за многу аспкети, некои пријатни, некои тешки”, рече Трамп. Тој официјално кој ќе го Барак Обама на функцијата претседател на САД на 20. јануари наредната година.
И додека Барак и Доналд зборуваа за политика во Овалната канцеларија, во Белата Куќа се запознаа актуелната и идната Прва дама на САД , Мишел Обама и Меланија Трамп .