1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Останува забраната за Берлускони за вршење јавна функција

АТ/ дпа/ афп19 март 2014

Од кариерата како евро-политичар нема ништо за Берлускони. Врховниот суд на Италија му ја потври пресудата за забрана за вршење на јавна функција. Тој имено размислуваше за кандидатура за Европскиот парламент.

https://p.dw.com/p/1BSGw
Фотографија: Reuters/Alessandro Bianchi

Одлуката што ја донесе Врховниот суд во Рим гласи: Двегодишната забрана за вршење јавна функција за поранешниот премиер Силвио Берлускони останува. Пресудата е нов удар за 77-годишниот политичар, кој правосилно е осуден поради затајување на данок и изминатиот ноември беше исклучен од Сенатот. Исто така пресудата се одразува и врз неговите надежи во мај да учествува на изборите за Европскиот парламент. Со ова е одбиена жалбата на адвокатите на Берлускони.

Тој е „екстремно разочаран“ ,рече адвокатот на Берлускони Николо Гедини. Пресудата е „абнормална и неправедна“, изјави поранешната министерка за образование Мaриастела Џелмини, која ѝ припаѓа на партијата на Берлускони Форца Италија. Милијардерот лично ги отфрла сите обвинувања. Тој не направил никаков прекршок. Многу повеќе тој бил жртва на политички мотивирани тужители и судии.

Берлускони најави дека на европските избори во мај сака да настапи како предводник на неговата конзервативна партија Форца Италија. Пред врховните судии страната на Берлускони аргументираше дека случајот би требало да биде предаден на Европскиот суд за човекови права, поради недозволиво натрупување на споредни казни. И покрај тоа што е осуден и е исклучен од Сенатот, Берлускони како шеф на опозицоната партија Форца Италија сѐ уште има влијание врз италијанската политика.