1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворени спектакуларните „Пловечки мостови“ на Кристо

ЕМФ/дпа18 јуни 2016

Да се чекори по вода - од денеска тоа е можно во Италија. Од изутринава се отворени спектакуларните „Пловечки мостови“ на големиот уметник Кристо.

https://p.dw.com/p/1J9CO
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Три километри долгите и шеснаесет метри широките пловечки патеки на Кристо го поврзуваат италијанското гратче Сулцано со два блиски острова на езерото Исео. Тие се изработени од пловечки понтони и прекриени со текстилни церади. Штофот е „Мade in Germany“: го произведе текстилната фирма „Зетекс“. Мостовите издржуваат околу 20.000 луѓе, а Кристо ги тестираше лично, во октомври 2015-та.

По „Пловечките мостови“ на Кристо

До 3 јули во Сулцано се очекуваат околу 800.000 посетители. Кристо стана светски познат по спектакуларните големи проекти и акции на покривање големи објекти. Тој во 1995 година заедно со својата сопруга Жан-Клод, која почина во 2009. година, ја покри зградата на Рајхстагот во Берлин.