1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Македонија го одбележува Денот на НАТО

ДТЗ
4 април 2022

Државниот врв ја повтори пораката дека прашањето на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е геостратешко и безбедносно прашање и не треба да се одложува.

https://p.dw.com/p/49Qoo
Belgien Brüssel | Mazedonische Flagge vor dem NATO-Sitz
Фотографија: Government of North Macedonia

Северна Македонија го одбележува Денот на НАТО како 30. полноправна членка на Алијансата. Државниот врв на одбележувањето на денот на НАТО, испрати порака дека членството на земјата во Алијансата претставува  историски успех и најзначајно надворешнополитичко постигнување. Ова станува особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици и војната во Украина. 

Премиерот Димитар Ковачевскина свечената церемонија изјави дека земјата е фактор за стабилност и безбедност во регионот во која граѓаните имаат сигурна иднина. Тој порача дека се потребни предвидливи, веродостојни, засилени и забрзани процеси на интеграција во ЕУ. „Прашањето на проширувањето е геостратешко и безбедносно прашање, а евроинтегративните процеси треба да започнат без одлагање“, вели тој. 

Nordmazedonien Premierminister Dimitar Kovacevski
Ковачевски: Прашањето на проширувањето е геостратешко и безбедносно прашањеФотографија: Government of North Macedonia

Безбедносно прашање

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, оцени дека дека гледано од денешна перспектива јасно е дека С. Македонија станачленка на Алијансата во вистински момент. „Тоа ја потврдува исправноста на нашите разумни, храбри и прагматични одлуки. Со членството во НАТО стабилноста на државата не може да биде разнишана, а безбедноста здружено ја гарантираат С. Македонија и 29 сојузници“, порача Петровска.

САД беа првите што ѝ посакаа добредојде на Северна Македонија во Алијансата пред две години. „Со С. Македонија, НАТО-сојузот само се засили. Како рамноправен партнер, САД се горди што стојат обединети со Северна Македонија“, децидна е американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз. Во видео обраќање таа истакна дека неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност. „Гледаме колку е важно тоа партнерство и за Северна Македонија и за Европа“, вели Брнз. 

Nordmazedonien Premierminister Dimitar Kovacevski
Премиерот Ковачевски зборува на одбележувањето на Денот на НАТО (Скопје, 4.04.2022)Фотографија: Government of North Macedonia

Осуда на руската инвазија

Македонскиот државен врв потврди дека ја осудува руската инвазија на Украина и дека ја почитува храброста на украинскиот народ со која ја бранат нивната држава, нивниот суверенитет и територијален интегритет.

-повеќе на темата: Самит на НАТО: Добредојде во новата реалност за Европа!

„Руската инвазија во Украина придонесе за зајакнување на единството кај земјите членки и зајакнување на соработката со земјите партнери на Алијансата. Вонредната ситуација на европскиот континент покажува дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика и затоа во оваа прилика упатуваме уште еден силен апел до Унијата за проактивен пристап и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е од суштински интерес за зачувување на безбедноста на Европа", истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој беше домаќин на приемот во МНР по повод Денот на НАТО.