Пекинг се гуши во смог
19 декември 2016Пекиншките власти прогласија аларм поради смогот кој го зафатил целиот север на Кина.
Тоа значи ограничувања во сообраќајот и во градежниот сектор, како и затворање на училиштата, градинките и некои здравствени установи. Измерената загаденост на воздухот во Пекинг покажува вредности на ситните штетни честички од 250 микрограми на метар кубен воздух, десетпати повисоки од највисоката дозволена граница според Светската здравствена организација.
Во провинциите Хебеи и Хенан вредностите на ситните честички достигнуваат до 500 микрограми, а во главниот град на Хебеи, Шијацуанг, според новинската агенција Ксинхуа, се измерени дури 1000 микрограми на кубен метар воздух.
Втората најголема економија во светот со соочува со загадувањето коешто е последица на забрзаниот економски раст изминатите децении.