1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија нема излезено од матрицата на „живковизмот“

БГ
20 ноември 2020

Бугарија се уште нема излезено од матрицата на комунизмот и на Тодор Живков, вели претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи ги условувањата од Софија за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

https://p.dw.com/p/3ldVq
Nord-Mazedonien Amtseinführung des neuen Staatspräsidenten Stevo Pendarovski
Стево Пендаровски и Румен Радев во мај 2019 во СкопјеФотографија: Cabinet of the President of Republic of North Macedonia

Шефот на државата Стево Пендаровски не е оптимист дека во наредните недели ќе се најде решение за спорните прашања со Бугарија. Тој денеска жестоко ги критикуваше водечките бугарски политичари, оценувајќи дека се уште се заглавени во матрицата на комунизмот и „живковизмот“.
„Реални шанси не постојат. Шанси некакви минимални постојат, но реални изгледи, за жал, не постојат", изјави Пендаровски во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ24. 

-повеќе на темата: Македонско-бугарски спор: Каноните на Тодор Живков

Според него, ниту еден од актуелните водечки бугарски политичари не се разликува во своите тези и ставови во однос на Северна Македонија, без разлика дали се работи за претседателот Румен Радев, премиерот Бојко Борисов, МНР Екатерина Захариева или министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Нивните позиции влечат корен од оние изградени од страна на бугарскиот комунистички лидер Тодор Живков, вели Пендаровски. 

-повеќе на темата: Во Бугарија се уште живее сонот за „ребугаризација“ на Македонија

„Главните тези на бугарската политика кон нас или кон т.н. македонско прашање, како што велат историчарите, се идентични во последните 70 години. Основоположник на тие позиции- дека не постои македонски народ и не постои македонски јазик- е Тодор Живков.
„Практично, актуелната бугарската политика- власт или опозиција сосема сеедно- нема излезено од матрицата на живковизмот и од матрицата на нивната комунистичка историографија“, рече Пендаровски.

Голема е горчината што нашите пријатели ни ставија блокада