Петков: Интересот на Бугарија мора да се заштити и надгради
17 декември 2021Бугарскиот став за односите со Северна Македонија треба да биде надграден, смета премиерот на Бугарија, Кирил Петков, кој денеска во Брисел имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Историјата е важна, но не може да биде единствена тема во билатералните односи. Интересот на Бугарија мора да се заштити, но и да се надгради. Треба да разговараме за инфраструктурата – железничката пруга од Софија со Скопје мора конечно да се случи. Во економска смисла – добро е што македонските бизниси можат да продаваат на бугарскиот пазар и, соодветно, бугарските бизниси да бидат на македонскиот пазар“, изјави Петков.
Повеќе:
ФАЦ: Ако Скопје ги исполнеше барањата на Софија, тогаш навистина ќе ја фалсификуваше историјата
Историчарите од Скопје и Софија сè уште далеку од решение
Одвојувањето на РСМ и Албанија требало да открие други кочничари?
СпоредПетков, неопходна е промена на реториката на Балканот:
„На Балканот има 65 милиони луѓе, но ние сме заградени и поделени и сите зборуваат против другите. Ние сме со големина на Франција како пазар, а можностите што ги реализиравме како заедничка работа се блиску до минимум. Кога реториката ќе стане 'Што има да се спечали', тогаш ќе бидат подобри и дискусиите за компромиси за точките што ни се важни – вклучително и за правата на Бугарите во Македонија, кои не треба да се чувствуваат дискриминирани“, рече бугарскиот премиер во Брисел.
Тој најави и дека сака да се сретне со идниот македонски премиер веднаш штом тој ќе ја преземе функцијата.