„Пловечките мостови“ на Кристо
Американскиот уметник Кристо уште од 70-тите сонува да оди по вода. Со „Пловечките мостови“ тоа сега станува можно. На уметничкиот проект работеа многу луѓе, цела година.
Сулцано: Шеснаесет дена туристичка атракција
Градоначалникот на Сулцано може да се радува - од 18 јуни до 3 јули малото местенце во северна Италија очекува околу 800.000 посетители. Сите тие ќе сакаат да го видат најновиот голем проект на уметникот Кристо „Пловечки мостови“. Три километри долгите пловечки патеки го поврзуваат Сулцано со два блиски острови на езерото Исео.
Скици...
Посетата на пловечката инсталација е бесплатна. Кристо сака сите луѓе да можат да бидат дел од неговата уметност. Апсолутно не сака комерцијализација на уметноста. Затоа неговите дела може да се видат само во определен временски период. Проектот, кој чини околу 15 милиони евра, тој го финансира со продажба на свои скици и фотографии. Така Кристо останува независен.
...и оригинал
Градоначалникот проектот „Пловечки мостови“ го опишува како „Чудото на Кристо“. Шесанесет метри широките патеки се изработени од пловечки понтони, така што посетителите ќе можат од копно да пропешачат до островите Монте Изола и Сан Паоло. Тоа е временска замена за фериботите, кои досега ги пренесуваа жителите на Монте Изола до копно.
Заедничка концепција на Кристо и Жан-Клод
Кристо го конципираше проектот „Пловечки мостови“ заедно со сопругата Жан-Клод, која почина во 2009 година. Идејата се родила во 70-тите години на минатиот век. Прво било планирано да се оди по вода во Египет или Токио, но за тоа не била издадена дозвола од тамошните власти.
Производство на текстилни церади
Штоф Мade in Germany: текстилната фирма Зетекс ги произведе златно-жолтите церади со кои се прекриени мостовите. Со овој материјал, меѓутоа, не се покриени само патеките над водата, туку и улиците во Сулцано и во блиските села.
Две шивачки на една машина
Поради тоа што материјалот е многу тежок, беа потребни најмалку две шивачки на една машина за зашивање на штофот. Потоа, со помош на ласер се вршеше прецизното дотерување. На понтоните беа употребени и специјални машини за составување на деловите повторно во голема површина.
За мостовите да пливаат...
...беа употребени 220.000 полиетиленски објекти кои плутаат. Така беа составени 70.000 квадратни метри големи и три километри долги мостови. На крајот сето тоа беше обложено со штоф.
Кристо го тестира своето дело
Кристо на тестирањето на пливачките мостови во октомври 2015. Мајсторот е задоволен. Се радува што под нозете се чувствува движењето на брановите. Сега за тоа ќе имаат можност и посетителите. Мостовите издржуваат околу 20.000 луѓе. Предуслов, меѓутоа, е - да има убаво време.