Погребани жртвите од трагедијата во Џенова
18 август 2018Загинатите во уривањето на надвозникот во Џенова, беа погребани во тој италијански град во присуство на највисоки државни функционери и бројни граѓани. Претседателот на Италија Серџо Матарела кратко поразговара со членовите на семејствата на жртвите, а присутни на погребот беа и премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, како и повеќе министри.
Семејствата на некои од жртвите одлучија да не учествуваат на церемонијата Некои од нив наведоа дека сакаат да ги погребаат своите најблиски во поинтимна атмосфера, додека пак други наведоа дека ја бојкотираат церемонијата. таткото на една од жртвите, истакна дека неговиот син е „убиен“ и за одговорна ја означи државата.
Повеќе:
-Лекциите од Италија: приватни или државни автопатишта?
-Зошто падна мостот во Џенова?
-Колку се безбедни мостовите во Македонија?
Од настраданите се простија и фудбалските тимови Сампдорија и Џенова, кои исто така нема да ги играат натпреварите од првото коло на Серија А за време на викендот. Играчите на останатите тимови пак мечевите ќе ги започна со минута молчење и ќе носат црни ленти на ракавите. Денеска во Италија прогласен е ден на жалост за жртвите во катастрофата на вијадуктот на автопатот А10 во Џенова.
Инаку, според италијанските медиуми, спасувачките екипи ги пронашле речиси сите жртви од катастрофата. Синоќа, имено, биле пронајдени 3 лица под урнатините на мостот Моранди. Како што објави агенцијата АНСА, пожарникарите потврдиле дека пронашле тела на деветгодишно девојче и нејзините родители во „целосно уништен автомобил“ со кој патувале. Градоначалникот на Џенова, Клементе Мастела, во петокот нареди затворање на друг мост дизајниран од истиот архитект како и мостот кој се урна, со образложение оти за корисниците на надвозникот е подобро „да имаат непријатност отколку проблем“.