Постигната е согласност за Брегзит-трговскиот договор
24 декември 2020Велика Британија и Европската унија постигнаа согласност за Трговски договор. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и британскиот премиер Борис Џонсон, соопштија дека е постигнат договор со кој треба да се избегнетврд Брегзит. Трговскиот договор ги регулира економските односи помеѓу Велика Британија и Европската унија од јануари 2021-ва. Притоа, важно беше да се избегнат царини и да се обезбеди трговија со колку што е можно помалку проблеми. Договорот го регулира и риболовот, како и соработката во делот на енергијата, транспортот, правосудството, полицијата и многу други теми.
Велика Британијаја напушти ЕУна крајот на јануари, и во преодниот период до 31 декември е членка само на внатрешниот пазар на ЕУ и во царинската унија. Без постигнување на Трговскиот договор, од први јануари ќе беа неопходни царини и обемни контроли.
Преговорите за Договорот требаше да бидат завршени уште во октомври, но се одолговлекуваа. Повеќепати тие беа дури и пред пропаѓање. Поради тоа што има малку време до крајот на годината, Договорот не може да биде правовремено ратификуван од страна на ЕУ. Тој ќе мора да се применува привремено, доколку согласност дадат 27-те земји членки.
„Договорот е направен!“
Фон Дер Лајен на прес-конференција оцени дека Договорот е опсежен и фер за двете страни. Велика Британија останува партнер од доверба на ЕУ. „Патот беше долг и трнлив. Но, резултатот е добар“, заклучи таа. ЕУ-преговарачот Мишел Барние зборува за „ден на одлука“.
Договорот сега треба да биде поднесен во Европскиот парламент. Претседателот на ЕП, Давид Сасоли најави дека пратениците сега ќе го анализираат Договорот и за него ќе гласаат во новата година.
Британскиот премиер Борис Џонсонна Твитер објави тримфална фотографија со пораката „Договорот е направен!“
Во соопштение од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Договорот го дава сето она што и' беше ветено на британската јавност во текот на референдумот од 2016-та и на изборите минатата година. „Повторно имаме контрола над парите, границите, трговијата и водите за риболов“, се вели во соопштението и се додава дека Договорот е „фантастична вест за семејствата и компаниите во сите делови на Обединетото Кралство“.
Германија: Да се стори се' за стапување на Договорот во сила
Во првата реакција германската канцеларка Ангела Меркел вели дека очекува Германија брзо да одлучи за согласноста за Договорот. Министерот за надворешни работи Хајко Мас најави: „Се разбира, сега земјите членки на ЕУ попрецизно ќе го прегледаат предлогот, зашто подоцна сите 27 ЕУ-членки и Европскиот парламент треба да дадат согласност.“ Германија како претседавач со ЕУ сака да стори се' за Договорот да може да стапи во сила на 1 јануари 2021-ва.
Договорот и' ветува на Велика Британија извоз на внатрешниот пазар на ЕУ без царини и ограничување на количеството, а за возврат ЕУ бара фер конкурентски услови. Притоа се мисли на еднакви еколошки, социјални и стандарди на субвенционирање. Ова прашање до крај беше многу компликувано во преговорите. Се бараше пат за обезбедување фер конкуренција и во иднина.