1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Премиерот на Италија најави борба против корупцијата

АТ/апе/афп/дпа14 јуни 2014

Речиси да не минува ден во Италија, а да не се објават написи за непотизам и корупција. Премиерот Ренци има намера да го сопре тоа. Притоа пред очи ги има и прокетите за заштита од висок водостој во Венеција и Експо 2015

https://p.dw.com/p/1CIOX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кратко по оставката на градоначалникот на Венеција Џорџо Орсони, кој е осуден на четири месеци затворска казна поради огромен корупциски скандал поврзан со проектот за изградба на заштита за Венеција од висок водостој, премиерот на Италија Матео Ренци претстави пакет мерки за борба против корупцијата. Непотизам, подмитување и „систематски обострани услуги“ во Италија биле присутни до таа мера како што одамна не биле. Во 2013 година било ипслатено мито од 60 милијарди евра.

Според плановите на Ренци претседателот на анти-корупциските власти Рефаел Кантоне треба да ја преземе одоговрноста за јавните проекти, доколку постои сомнеж за корупција. Ренци в предвид ја има и светската изложба Експо 2015 која треба да се одржи во близина на Милано. Поради сомневање за корупција околу оваа изложба од мај седум лица се наоѓаат во истражен затвор.

Освен тоа во Италија би требало да се зголемат затворските казни поради фризирање на биланси на пет години и да се продолжат роковите на застарување на едно дело поради корупција. Премиерот, кој во моментов е на турнеја во Азија барајќи инвестиции за својата земја најави „културна борба“ против корупцијата.

Тој има намера да се води поактивна борба против поврзаноста меѓу претпријатијата и организираниот криминал. Корумпирани шефови на фирми би требало доживотно да не смеат да учествуаат на јавни огласи. Премиерот укажа и на тоа дека корупцијата не може да се победи само со неколку закони. Важно, според Ренци било и моралното однесување на другите.