1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Софтверот на Рашковски на мета на иследниците

ДТЗ
9 април 2021

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, а бил платен 81.000 евра.

https://p.dw.com/p/3rnIG
Dragi Raskovski Generalsekretär nordmazedonische Regierung
Фотографија: DW/P. Stojanovski

По наредба на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, денеска беа извршени претреси во просторите на фирмата „Инвока гроуп“ и во домот на сопственикот на фирмата. Станува збор за фирма од која поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски набавил софтвер за казни за сообраќајни прекршоци, за којшто МВР тврдеше дена не било известено и немало потреба од него.

Обвинителството на 18 март отвори предистражна постапка по допрен глас во врска со набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни од страна на Генералниот секретаријат на Владата. Во таа насока издадени се повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-повеќе на темата: Заев: Нема да има емоции кон никого, никому ништо не му должам

И Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ја истражува набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци преку видеонадзор, што лани го купил Генералниот секретаријат на Владата. Од ДКСК побараа од Владата да им го даде на увид планот за таа набавка и образложение зошто е купен софтвер, кој не е во функција.

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, а бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР, се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Софтверот веќе една година не е во употреба.

-повеќе на темата: Антикорупциска го испитува софтверот на Рашковски 

Премиерот Зоран Заев изјави дека има докази дека имало комуникација меѓу Генералниот секретаријат и МВР токму поради постапките и можноста за имплементација и тестирање на самиот систем. Премиерот рече дека не се сомнева во процесот на набавка. Запрашан дали ќе побара оставка од Рашковски, кој сега е секретар задолжен за мониторинг на реализацијата на владината програма и стратегиските проекти, премиерот Заев неодамна рече дека не треба да биде обвинуван секој што патентирал систем и го отстапил бесплатно на користење на својата земја.

Но, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, МВР спроведува јавни набавки за таков софтвер, но во рамки на друг проект наречен „Безбеден град“. Тие не биле консултирани за набавка на софтверот.