1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Германија поради депортацијата на Авганистанците

ЕМФ /агенции
15 декември 2016

Германија почна со депортација на одбиени баратели на азил од Авганистан. Тоа е неодговорно, велат критичарите, кои протестираат на Франкфуртскиот аеродром.

https://p.dw.com/p/2UIze
Demo gegen geplante Abschiebung am Frankfurter Flughafen
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Roland

Во насока кон Кабул вчеравечер беа првпат депортирани 34-ца одбиени баратели на азил од Авганистан. На аеродромот во Франкфурт имаше протести на стотици луѓе против ваквата мерка. Критики доаѓаат и од опозицијата и организацијата Про азил.

Протерувањата на Авганистанците е спорно, поради тоа што во големи делови од таа земја сѐ уште има борби меѓу владините трупи и талибанските бунтовници. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезие со протерувањата сака да испрати сигнал дека не сите бегалци од Авганистан добиваат азил во Германија.

Назад во Кабул