1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Израел против војната во Газа

СН/жа/миа/ртр/дпа/афп17 август 2014

Во Израел илјадници луѓе демонстрираа против војната во Газа и упатија апел за мир со Палестинците. Во Каиро пак продолжуваат индиректните преговори за долгорочно примирје во Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/1CvxZ
Фотографија: Getty Images

На централниот плоштад Јицак Рабин во Тел Авив приврзениците на левичарските партии побараа од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да започне директни преговори со палестинските автономни власти. Разговорите со владата на национално единство составена од двете палестински партии Фатах и Хамас, изралската десничарска влада ги отфрла со образложение дека Хамас е терористичка организација.

За време на протестот на кој беше упатен апел за мир со Палестинците новинарот и писател Давид Гросман упати апел и за „справување со фанатизмот и омразата кај самите Израелци“.

Инаку денеска треба да бидат продолжени разговорите за продолжување на прекинот на огнот во Појасот Газа. За таа цел во Каиро, израелските и палестинските преговарачи индиректно ќе разговараат со египетско посредство. Долгорочно примирје не е на повидок. Рокот за актуелниот прекин на огнот истекува утре (18.8.)

Малку оптимизам

Israel Tel Aviv Protest gegen Krieg 16.08.2014
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Еден палестински преговарач во меѓувреме изјави изјави дека неговата страна е „помалку оптимистична“ пред денешната рунда индиректни преговори со Израел за ставање крај на војната во Газа додека се приближува крајот на привремениот прекин на оган. Преговарачот го кажа тоа под услов да не му се објави името. Палестинскиот тим преговарачи утрината пристигна на меѓународниот аеродром во Каиро, додека претставниците на Израел се очекуваат подоцна. Палестинскиот преговарач вели дека клучна спорна точка е барањето на Хамас, Израел да се обврзе дека ќе ја запре својата блокада на Газа пред да се заклучат преговорите.

„Израел мора да ги прифати барањата на палестинскиот народ или ќе се соочи со долготрајна војна“, објави високиот претставник на Хамас, Осама Хамдан на својот профил на Фејсбук.

Хамдан во објавата додава дека понудите кои и‘ се доставени на палестинската делегација на преговорите во Каиро, не ги задоволуваат барањата на Палестинците.

ОН велат дека досега во конфликот во Газа, кој започна на 8 јули, загинаа речиси 2.000 Палестинци, поголемиот број цивили, додека Израел загубил 67 луѓе, од кои освен тројца, останатите биле војници.