Пуџдемон сака да управува со Каталонија од егзилот во Брисел
19 јануари 2018Поранешниот претседател на регионот Каталонија, Карлес Пуџдемон за католонското радио зборуваше од Брисел, каде отиде да ја избегне истрагата во Шпанија поради обид за сецесија. Откако ја разреши каталонската влада и го распушти парламентот, шпанската централна влада распиша регионални избори на кои сепартистичките партии освоија мало мнозинство.
Повеќе на темата:
-„За Западен Балкан е потребно заедничко решение“
-Шпанскиот крал: Не смее да има нови конфронтации
-Шлаканица за Шпанија: Сепаратистите во Каталонија го одбранија апсолутното мнозинство
Со предходните членови на владата кои се под истрага, во затвор или се во Брисел под закана за апсење ако се вратат во Шпанија, извршното тело на каталонскиот парламент мора до крајот на јануари да донесе одлука дали ќе дозволи поторен избор на Пуџдемон по пат на делегат-посредник.
Владата во Мадрид вети оти ќе го оневозможи изборот на Пуџдемон, ако биде потребно и на суд. Претходно шпанскиот премиер Маријано Рахој порача дека Мадрид ќе продолжи со директна власт врз Каталонија, доколку разрешениот лидер Пуџдемон биде избран за регионален претседател од страна на новиот каталонски парламент. „Апсурдно е некој да сака да биде претседател на регоиналната влада во Каталонија како бегалец во Брисел, тоа е прашање на здрав разум“, рече Рахој.