1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расправата за неонацистичките убиства продолжува

21 ноември 2011

Комисијата за внатрешна политика на германскиот парламент- Бундестагот денеска (21.11.2011) почна со расправата за скандалот со неонацистичките убиства во земјата.

https://p.dw.com/p/13EJA
Пропаганден материјал пронајден кај неонацистичката група од ЦвикауФотографија: dapd

На седницата на парламентарната комисија зад затворени врати учествуваат и раководителите на Сојузното јавно обвинителство, на Службата за борба против криминалот и на Службата за заштита на уставот. Претседавачот на Комисијата, Волфганг Бозбах, го отфрли барањето на опозицијата за вклучување специјален иследник во случајот со неонацистичката терористичка ќелија од градот Цвикау која долго време дејствувала без да биде откриена, но го поддржа предлогот за спојување на тајните служби од помалите покраини.

Tausende bei der Aktion Dresden gegen Rechts
Протестите против десниот екстремизам во Германија стануваат се посилниФотографија: picture-alliance/dpa

Неонацистичката група, позната под името „Националсоцијалистичко подземје“, се верува дека е одговорна за убиство на девет странски граѓани и на една полицајка во периодот меѓу 2000 и 2007 година.

Аферата излезе во јавноста откако на почетокот на месецот двајца членови на групата, по грабеж на банка во градот Ајзенах, ибеа пронајдени мртви.

Во меѓувреме се уапсени двајца членови на групата, а властите се сомневаат дека во убиствата извршени минатата деценија се вмешани и дваесетина неонацисти, главно како помагачи и активни членови на „Националсоцијалистичко подземје“.

Автор:ГЧ/СН/дпа/дв/мф

Редактор: Симе Недевски