1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцинацијата руши рекорди

ДТЗ
23 јули 2021

Бројката на имунизирани се искачи на 418.268 граѓани. Дали ќе се постигне висок имунитет до крајот на летото?

https://p.dw.com/p/3xvp3
Nord Mazedonien Corona Impfung ohne Termin in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

По апелите на надлежните да се спречи нов бран и ширењето на новиот Делта сој, граѓаните масовно се вакцинираат против Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден се аплицирани рекордни 19.274 вакцини, а голем интерес за имунизација имаше и претходниот ден, кога на вакционалните пунктови се појавиле 17.500 лица. 

Вакцинацијата се одвива на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови досега се вакцинирани вкупно 481.268 граѓани. Во земјата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а ревакцинирани се 318.900 граѓани. 

-повеќе на темата:  Штитат ли сегашните вакцини од Делта сојот на коронавирус? 

Со последните бројки 62% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 59% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 54% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 44% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Имунитет до крајот на летото

„Системот функционира беспрекорно, а капацитетите се повеќе од доволни. Бројката од околу 5000 граѓани кои дневно се вакцинираат со прва доза мора да ја задржиме што подолго како би постигнале висок имунитет до крајот на летото. Вакцините се безбедни, ефикасни и најважно од се штитат од лош развој на болеста, хоспитализација и смрт“, порача министерот за здравство, Венко Филипче.

-повеќе на темата: Започнува имунизацијата без закажан термин, ќе може да се вакцинираат и децатаЕпидемијата секаде во светот во моментот се шири кај невакцинираните, додека оној многу мал процент вакцинирани кои се инфицираат со вирусот го поминуваат асимптоматски или со лесни симптоми. Вакцинацијата е единствен начин да се заштитиме и да се вратиме целосно во нормала, нешто што сите го посакуваме, апелираат надлежните. 

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи тоа е единствениот начин да се победи вирусот.