Рекордна вработеност во Германија
2 ноември 2016Сеедно дали се работи за машинската индустрија, металопреработувачката, електроиндустријата или услужните дејности - најголемиот број луѓе во Германија во моментов не мора да се грижат за работа. Напротив, големите и малите фирми наголемо бараат стручна работна сила.
Невработеноста во Германија се намалила и во октомври. Како невработени се водат 2,54 милиони луѓе. Тоа се 190.000 невработени помалку отколку во истиот период лани. Стапката не невработеност изнесува 5,8%. Кај стапка од 5% дел од економистите веќе зборуваат за целосна вработеност.
Тоа значи дека Германија е во подобра позиција од најголемиот дел од останатите европски земји. Но, тоа би можело набргу да се промени, затоа што илјадниците бегалци кои во моментов посетуваат јазични курсеви или се на обука за работа, некогаш ќе тргнат во потрага по вработување. Економистите сметаат дека пазарот на работна сила наредната година ќе мора да излезе на крај со околу 70.000 до 90.000 невработени плус. Некои зборуваат и за дури 160.000.
Тоа можеби нема да доведе до криза во сферата на работата, но значително ќе го зголеми бројот на невработените. Зашто, и германската конјунктура одамна не е толку стабилна како во изминатите години.