1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Рекорд во Германија: Нема ублажување на корона-мерките

СН/агенции
13 ноември 2020

Во Германија денеска е регистриран најголем број заразени со коронавирусот во 24 часа од почетокот на пандемијата- 23.542. Не само поради ова, ублажување на делумниот локдаун во земјата не е на повидок.

https://p.dw.com/p/3lFQ8
Deutschland Corona-Test in Neukölln, Berlin
Фотографија: Travel-Stock-Image/imago images

Дали делумниот локдаун во Германија во ноември го прекрши вториот бран на коронавирусот? Во понеделник, канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери ќе направат анализа на првичните привремени резултати од рестрикциите воведени на почетокот на минатата недела. 

Владиниот портпарол Штефен Зајберт сепак јасно стави до знаење: не треба да се очекува олеснување на корона-мерките.

„Нема да ублажат ограничувањата наметнати во јавниот живот за да се забави ширењето на коронавирусот“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.

Corona-Bonus für Pflegekräfte in Kliniken
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch

Во Германија од 2 ноември важи делумен локдаун кој ќе трае 4 недели, а цел е ублажување на наглото зголемување на бројката на нови инфекции. Затворени се рестораните, баровите, објектите за спорт и за забава, но училиштата, градинките и продавниците се отворени. 

Повеќе:

-Корона-локдаун? Не, благодарам!

-„Корона-ситуацијата во Германија уште е многу сериозна“

-Опозицијата ја обвинува Меркел за „корона-диктатура“
Експертите велат дека сѐ уште е рано да се каже дали новите мерки ќе го имаат посакуваниот ефект. Очигледни тој став го дели и канцеларката Меркел. 

Нејзиниот портпарол Зајберт изјави дека има „претпазливо добри вести“ оти растот на инфекциите е ублажен, но генерално, бројот на заразени продолжува да расте. „Денес не може да се зборува за пресврт“, нагласи тој. „Прерано е за конечна пресуда за мерките. Од гледна точка на канцеларката, сепак, во моментов не се очекува никакво олеснување“, рече тој.

Во Германија денеска е регистриран најголем број заразени со коронавирусот во 24 часа од почетокот на пандемијата. Германскиот Институт Роберт Кох денеска пријави 23.542 новозаразени и 218 починати лица.