1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русите сакаат да го испрашуваат Навални

ЕМФ
11 септември 2020

Сенатската управа за правда на Берлин најверојатно има намера да излезе пресрет на барањето на Русија за правна помош во случајот на Алексеј Навални.

https://p.dw.com/p/3iKrG
Moskau | Alexei Nawalny  Boris Nemtsov Gedenkmarsch 2020
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Kudryavtsev

Обвинителството во Берлин било задолжено од Сенатската управа за правда да собере информации за здравствената состојба на затруениот критичар на Кремљ, кој се наоѓа на лекување во болницата Шарите во главниот град на Германија. Обвинителството во Берлин на Твитер соопшти дека тоа важи под услов согласност да даде и Навални. Други информации во моментов не се даваат.

Русија во случајот на Навални бара повеќе информации од Германија. Сибирската полиција соопшти дека руските полицајци сакаат да ги придружуваат германските колеги во истрагата и да добијат можност за поставување дополнителни прашања, јави ВДР. Руското Министерство за внатрешни работи, како што се вели, подготвувало соодветно барање.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги нарече „без основа“ обвинувањата од Германија дека зад инцидентот стојат руски државни службеници. Владата во Москва најави дека ќе продолжи со својата истрага за случајот. За таа цел до Германија можеби ќе биде упатено второ барање за информации, но непосредни разговори помеѓу рускиот претседател Путин и германската канцеларка Меркелне се планирани. 

Случајот Навални сѐ повеќе ги оптоварува германско-руските односи. Според наводи на германската влада, специјална лабораторија на Бундесверот утврдила „без сомневање“ дека Навални бил затруен со хемиска супстанција од групата Новичок. Руските лекари, пак, тврдат дека не пронашле знаци за труење на Навални.

Deutschland Vergiftung Nawalny Charité
Алексеј Навални се лекува во болницата Шарите во БерлинФотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Најпознатиот критичар на Кремљ колабираше во текот на еден лет од Сибир за Москва на 20 август. По принудното слетување на авионот, тој беше префрлен во болица во Омск, каде престојуваше два дена, по што беше префрлен во Германија.