1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД најавија излегување од договорот за разоружување ИНФ

СН/ агенции
1 февруари 2019

Министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, го најави она што сите го очекуваа. САД ги суспендираа обврските од договорот ИНФ со Русија. Причина за тоа е новите руски крстосувачки ракети.

https://p.dw.com/p/3CZqt
USA Mike Pompeo Aufkündigung INF-Vertrag
Фотографија: AFP/Getty Images/E. Baradat

САД го суспендираат почитувањето на договорот со Русија за неширење на нуклеарните проектили земја-воздух од среден дострел - ИНФ и ќе се повлечат целосно од оваа историска спогодба за шест месеци, доколку Москва не прекине со нејзиното прекршување, порача денеска шефот на Стејт Департментот, Мајк Помпео.

„Доколку Русија не ги испочитува сите одредби од договорот во рок од шест месеци, повеќе нема договор“, изјави Помпео на прес-конференција. Тој повеќепати ја обвини Москва за ваквиот развој на случувањата односно за нејзиното „дрско“ и „бесрамно“ прекршување на договорот.

Повеќе:

-Страв од враќањето на атомското оружје во Германија

-Москва предупредува од нова трка во атомско вооружување

Суспендирањето на обврските на САД во договорот ИНФ стапуваат во сила утре, на 2 февруари, кога истекува рокот, кој Помпео претходно ѝ го постави на Русија да ги исполни обврските од договорот.

Во фокусот на обвинувањата на Вашингтон е новата руска крстосувачка ракета 9M729 (кодот на НАТО за неа е: ССЦ-8) која според мислењето на преставува јасна прекршување на  договорот ИНФ.

Russland zeigt Marschflugkörper SSC-8/9M729 bei Moskau
Спорната руска крстосувачка ракетаФотографија: Reuters/M. Shemetov

Русија во последните неколку недели, во повеќе наврати јасно укажа дека таа смета оти наводите на САД се неосновани и нема намера да ги уништи своите проектили. Според руските податоци, проектилот 9M729 имаат максимален дострел од 480 километри. САД, меѓутоа претпоставуваат дека тој е најмалку 2600 километри. Со тоа овие крстосувачки проектили би можеле да ги погодат речиси сите поголеми градови во Европа.

Помпео денеска уште порача дека САД би можеле да се вратат на договорот доколку Москва ги исполни нивните барања и оти се подготвени да разговараат со Кремљ за контролата на вооружувањето.