1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Има ли Северна Кореја хиперсонична ракета?

ЕМФ
29 септември 2021

Северна Кореја тестирала хиперсонична ракета, тврди севернокорејската државна агенција КЦНА. Ракетата, како што се вели, е од големо стратешко значење за способностите на земјата за самоодбрана.

https://p.dw.com/p/411un
Nordkorea Raketentest
Фотографија: Ahn Young-joon/AP Photo/picture alliance

Тестирањето на хиперсоничната ракета од сопствено производство, како што соопштува агенцијата КЦНА, а пренесува јужнокорејската агенција Јонхап, минало успешно. Ракетата, како што се вели, е од големо стратешко значење за способностите на земјата за самоодбрана.

Хиперсоничните ракети достигнуваат многу поголема брзина од нормалните ракети, а освен тоа се и многу пофлексибилни, што пак многу го отежнува нивното уништување од страна на противракетни одбранбени системи. Севернокорејската Академија за одбранбени науки ја лансирала ракетата Хвасонг-8 од провинцијата Чаганг. Северна Кореја сака да ги прошири своите одбранбени капацитети за „илјадапати“, пишува КЦНА.

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун на крајот на 2019 година на партиски собир се закани дека светот во блиска иднина ќе биде сведок на „ново стратешко оружје“. Во вторникот јужнокорејската армија соопшти дека Северна Кореја на отворено море испалила ракета со краток дострел. Нејасно беше колку долго летала ракетата и за каков тип ракета се работи. Резолуциите на Обединетите нации ѝ забрануваат на Северна Кореја тестирање балистички ракети, кои, зависно од начинот на производство, може да имаат инуклеарни боеви глави.

N. Korea says it tested newly developed hypersonic missile
Северна Кореја сака да ги прошири своите одбранбени капацитети за „илјадапати“, пишува агенцијата КЦНАФотографија: YONHAPNEWS AGENCY/picture alliance

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае оцени дека тестирањето од страна на Северна Кореја е „провокација“. Пјонгјанг со години работи на развој на ракети кои би можеле да ги погодат не само Јужна Кореја и Јапонија,туку би можеле да стигнат и до САД.