СЗО: Брзи корона-тестови за посиромашните земји
29 септември 2020Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се договорила со партнерите да осигура 120 милиони брзи тестови на коронавирусот за државите со ниски и средни приходи на населението.
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече оти цел на планот е на овие држави да им се помогне да го намалат јазот во тестирања во однос на побогатите држави.
Средствата за програмата сѐ уште не се целосно осигурани, еден тест чини 5 долари, а вкупно ќе бидат потребни 600 милиони долари.
Над еден милион починати
Се очекува реазлицијата да започне во октомври. Со брзите тестови се трага по антигени или протеини на површината на вирусот. Тие се значително побрзи од ПЦР тестовите, но главно се сметаа за помалку сигурни.
Сигурните резултати се добиваат за 15 до 30 минути во просек, по пониска цена од ПЦР тестовите, рече Гебрејесус.
Повеќе:
-Коронавирус: Оздравени пациенти брзо ги губат антителата и можат повторно да се заразат
-Што треба да знаете за тестовите за коронавирус
-Коронавирус: Колку се корисни тестовите за антитела?
Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина еден милион, пробивајќи нова психолошка граница во пандемијата која ја девастрираше глобалната економија, ги преоптовари здравствените системи и го промени нашиот начин на живот, извести новинската агениција Ројтерс.
Со коронавирусот во светот досега вкупно се заразени над 33,3 милиони луѓе, а Ковид-19 глобално однесе над еден милион животи, се најновите податоци на Ројтерс.
Двојно повеќе починати отколку од маларија
Од првите случаи на заразата, забележани во Кина во декември 2019 година, над 210 земји и територии во светот забележија појава на вирусот. Бројот на мртви од последици од вирусот годинава е двојно поголем од бројот на луѓе кој годишно умираат од маларија. Стручњаците предипредуваат дека вистинската бројка е веројатно многу поголема.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече ова „мачна пресвртница“. „Сепак, никогаш не смееме да го загубиме од вид секој живот. Без разлика дали се тоа таковци и мајки, сопруги и сопрузи, браќа и сестри, пријатели и колеги. Болката е помножнена со дивјаштвото на оваа болест“, изјави тој во видео порака.