1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Сирија и триумфот на автократите

Керстен Книп
20 март 2018

Постојат некои индикации дека Турција нема да ја напушти Сирија толку брзо. Постепено станува јасно дека авторитарните режими ќе ја обликуваат иднината на Сирија и целиот регион, вели Керстен Книп.

https://p.dw.com/p/2uc5Y
Türkische Armee rückt in Afrin ein
Фотографија: picture-alliance/AA

Неполни два месеца откако Ердоган ги испрати своите тенкови преку границата кон Сирија, работата е завршена: од неделата турското знаме се вее над канцеларијата на градоначалникот на Африн. Иако Ердоган изјави дека неговата земја во никој случај не доаѓа како окупаторска сила сепак знамињата се знамиња: претензија за власт која се издига кон небото.

Колку долго Турција ќе го задржи развеано знамето, за тоа во моментов дискутираат аналитичарите, арапските како и европските. Попесимистички настроените меѓу нив укажуваат на тоа дека Турција еднаш вмаршира и во Кипар. Тоа беше во 1974 година. И на островот сѐ уште има турски војници.
Во секој случај, веројатно може да се појде од тоа дека знамето подолго време  ќе се вее на ветерот на Африн: Ердоган во неколку наврати изјави дека сака да ги протера курдските борци и од градот Манбиџ, околу 100 километри западно од Африн. Значи друг град би можело да биде опколен и гранатиран, луѓе изложени на нападите на турските воздухопловни сили и артилерија. По сето она што може да се чуе од Африн, турската војска не е претерано чувствителна.

„Прво ќе го исчистиме Африн“

А и зошто би била? Војната во Сирија, уништувањето и смртта, даваат единствена можност за лов на сите оние кои во очите на Анкара се„терористи" . Со години, робустните режими - од Сирија преку Иран до Русија - го користат овој поим за полесно да го оправдаат ловот на противници. Анкара, исто така, благодарно го користи името.

Повеќе: 

-Изопачената војна во Сирија

-Турскиот ризик во Сирија

-Војната во Сирија и грешките на Западот

„Терористи“, тоа  навистина ќе биде сериозен кандидат за анти-збор на годината. Веќе долго време тој дозволува географски вежби за истегнување во голем стил. Самиот Ердоган во минатата недела објави како го има замислено понатамошниот тек на инвазијата: „Прво ќе го исчистиме Африн, потоа Манбиџ и областите источно од Еуфрат, до нашата граница со Ирак".

Knipp Kersten Kommentarbild App
Керстин Книп

Договарања зад кулисите?

Сѐ повеќе боде очи и тоа дека владата во Дамаск е чудно воздржана. Ниту збор за инвазијата од страна на соседот, а да не зборуваме за некаков напор да се заштити сопственото население. Тоа секако и не може да се очекува од режимот кој со години водеше брутална војна против сопствените граѓани. Но, реакција што на каков било начин ќе го нагласи суверенитетот на државата, барем можеше да се очекува.

Фактот дека и ова недостасува, може да биде показател дека Анкара и Дамаск одамна постигнале согласност зад сцената. Сириската држава е легната на под, едноставно нема со што да им се спротивстави на напаѓачите. А и фактот дека и Русија и Иран, исто така, се држат настрана - можеби и за тоа имало договори - Анкара може да се чувствува охрабрена да постапува како и е по волја. Се чини дека Ердоган не е особено загрижен дека неговата армија би можела да ги изнервира Американците кои во Манбиџ и натаму соработуваат со Курдите. Договорање и тука?

Чукнат е часот на автократите

По седум години војна, станува сѐ појасно дека географската карта на Сирија ќе биде сецкана наново - а со тоа, и онаа на речиси целиот регион. Сирија ќе стане колонија, во најдобар случај протекторат на нови сили: нејзините блиски или непосредни соседи - Турција, Иран - како и глобалните играчи, во прв ред Русија. Сфатено на овој начин, во Сирија исто така наново се дефинира глобалната структура на моќ. Во оваа констелација, Турција очигледно сака да си го обезбеди својот дел од тортата. Ова, исто така, укажува на тоа дека автократите триумфираат во Сирија како и во целиот Блиски Исток. Како што изгледа, на долг рок.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид