Ситуацијата во Авганистан
19 јуни 2007Реклама
Американската влада изрази жалење поради смртта на седум деца во авионскиот напад врз упориште на Ал Каеда на исток од Авганистан. Секогаш е трагедија кога гинат невини лица, изјави претставник на Белата куќа во Вашингтон. Истовремено, тој за инцидентот ги обвини Талибанците и борците на Ал Каеда кои ги злоупотребуваат цивилите како штит.