1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема веќе возење со службени возила за приватни потреби

ДТЗ
7 септември 2021

Владата со нова мерка ќе ја спречува злоупотребата на државните ресурси. Службените возила ќе можат да се користат само со одобрение.

https://p.dw.com/p/402Rh
Indonesien Bali - Vorbereitungen für Anreise von König Salman
Фотографија: Reuters/N. Laula

Владата ќе стави крај на злоупотребите на службените возила. По иницијатива на вицепремиерот за антикорупција, Љупчо Николовски, донесена е одлука со која ќе се дефинира и регулира користењето на службените возила за да се спречи нивна злоупотреба.

„Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе се обезбедуваат дозволите за користење, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција“, информираат од кабинетот на Николовски.

Одлуката значи дека секоја употреба на службено возила ќе мора да е одобрена и наменска. „Со новите одредби, секое користење на службените возила мора да е одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган“, е ставот на Николовски.

Според надлежните, ова е уште една владина мерка во насока на рационално користење на службените ствари и буџетските средства. Во изминатиот период беше донесена одлуката со која се ограничуваат тро​ш​оците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија беа ограничени надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори. Исто така беше намален и бројот на членови на управни и надзорни одбори.

„Сега се е јавно – корупцијата не се исплати“ е слоганот со којшто Владата неодамна започна и кампања за борба со корупцијата во која се вклучува и администрацијата и граѓаните. Како главна алатка во борбата со корупцијата, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски го најавија новиот закон за конфискација на имот, со кој покрај јавни функционери, судии и обвинители, ќе се проверува начинот на кој е стекнат имотот и на секој граѓанин.

 

Општинските луксузни возила и долгови