1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Великотурските соништа на Ердоган водат во ќорсокак

Александар Герлах
31 октомври 2020

Освен во војната во Сирија, Турција сега се истакнува како деструктивна сила и во конфликтот помеѓу Азербејџан и Ерменија. Така земјата се изолира самата себеси во западниот свет, смета Александар Герлах.

https://p.dw.com/p/3keBW
Türkei Ankara | Parlament | Recep Tayyip Erdogan, Präsident
Фотографија: AP Photo/picture-alliance

Турција под раководство на Реџеп Таип Ердоган се’ повеќе станува привидение на Русија: како и Владимир Путин, така и турскиот владетел е убеден дека неговата земја заслужува одредено место во меѓународниот поредок. И, ако на земјата не и’ биде доделено ова место, тогаш тој ја оптоварува меѓународната заедница со подбуцнување конфликти и со вмешување во воени судири.

Така, војната што одново избувна пред еден месец помеѓу Ерменија и Азербејџан немаше да ескалира на таков начин ако турскиот владетел не испраќаше беспилотни летала и платеници. То,ј исто така, ја повика владата на Азербејџан да преземе акција против Ерменија со поддршка на Турција.

Интерес за ескалација

Односите помеѓу Ерменија и Турција се замрзнати по геноцидот врз Ерменците во 1915 година - злосторство што Ердоган не сака да го означи како такво. Нема дипломатски односи меѓу двете земји. Според извештајот на „Јерусалим пост“, Анкара и натаму е заинтересирана за ескалација на конфликтот. Турските медиуми ја поддржуваат волјата на владата објавувајќи стории во кои се зборува за курдски борци кои од Ерменија и’ се закануваат на Турција.

Zitattafel Alexander Görlach zur Türkei
Александар Герлах, автор на колумната

Русија и Иран исто така се вклучија во спорот за регионот Нагорно-Карабах, кој формално му припаѓа на Азербејџан, но де факто од 1988 година се управувани од Ерменците кои живеат таму. Овие три страни веќе многу добро се познаваат од нивната вмешаност во конфликтот во Сирија.

Повеќе:

-Големите сили и конфликтот околу Нагорно-Карабах

-Кој што сака во Нагорно-Карабах?

-Малку војна околу Нагорно-Карабах добро им доаѓа на сите

Интересите на трите земји во тековниот конфликт во Јужен Кавказ, исто како и во Сирија, значително се разликуваат. Заедничко за сите три држави е дека тие не се заинтересирани за мировен договор, туку првенствено за проширување на нивната моќ во регионот. Ова е единствениот начин да се објасни тоа што Турција прави се’ што може за да ја разгори војната, додека истовремено нејзиниот партнер во НАТО-САД преговара за прекин на огнот меѓу воените противници. 

Armenien Azerbaijan | Konflikte | Proteste in Nagorno-Karabakh
Фотографија: Hayk Baghdasaryan/Photolure/Reuters

Османлиите се вратија

Ердоган очигледно сака, освен на Грција, и на друг христијански сосед да му покаже дека Османлиите - како што тој верува - се вратија со стара сила и моќ. Но, на овој начин тој се турка сè повеќе и повеќе во ќорсокак во однос на своите западни партнери.

Дефинитивно минаа времињата кога Турција можеше да дејствува како мост меѓу исламскиот и западниот свет. Во летото годинава, Аја Софија беше пренаменета од музеј во џамија и имамот за време на верската церемонија замавна со голем меч преку главата во знак на сеќавање на освојувањето на Константинопол од страна  на муслиманите. Во исто време, немуслиманите во земјата се континуирано дискриминирани. И сега, истовремено два меѓународни конфликти се обременуваат со национално-исламски патос. Ова е дефинитивно вртење на грбот на сегашна Турција од оној дел на светот, чиј поредок се потпира на човековите права и на владеењето на правото.

Геноцидот да се избрише од сеќавањето

Ердоган го замрзна дијалогот со Ерменија уште во далечната 2009 година. Историчарите се согласуваат дека масовните депортации и смртни случаи поврзани со тоа (проценките за бројот на жртвите драстично се разликуваат: од 300 000 до 1,5 милиони луѓе) претставуваат геноцид. Но, ова ужасно злосторство не се вклопува во наративот за новата Отоманска империја. Затоа е идеално да се избрише од сеќавањето на земјата.

Меѓутоа, кога станува збор за војната помеѓу Ерменија и Азербејџан, турската јавност останува поделена: Во една анкета, половина од испитаниците изјавија дека Турција треба да го поддржи Азербејџан во овој конфликт. На ист начин, Турција е поделена пола на пола кога станува збор за претседателот Ердоган: само малку повеќе од половина од Турците го поддржаа него и неговата политика на последните избори и референдуми.

Александер Герлах е соработник на Карнеги Советот за Етика и почесен професор по етика и теологија на Универзитетот Линеберг и на Институтот за верски и меѓународни студии на Универзитетот Кембриџ.