1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија ги откажува воените вежби со Русија

БГ
9 септември 2020

Српското министерство за одбрана денеска соопшти дека Владата одлучила да ги откаже сите воени вежби и воени активности во следните шест месеци. Министерот Вулин тврди дека тоа е резултат на притисок од ЕУ.

https://p.dw.com/p/3iEq0
Serbien, Belgrad: Der russische Präsident Wladimir Putin steht neben dem serbischen Präsidenten Aleksandar Vucic auf dem Friedhof der Befreier
Фотографија: Reuters/G. Tomasevic

Образложувајќи ја одлуката, српскиот министер за одбрана Александар Вулин  изјави дека неговата земја се наоѓа под „страшен и незаслужен притисок“ од ЕУ.
„Од Србија се бара да ги напушти планираните воени вежби со Белорусија, по цена на напуштање на европската иднина и по цена на уште поголеми притисоци врз нејзината политика, но и врз српскиот народ на Косово и Метохија и Република Српска“, рекол Вулин цитиран од министерството за одбрана.
„За да ја сочуваме позицијата на воена неутралност, да избегнеме или барем да ги намалиме последиците од засилените напади врз нашата земја, нашата политика и нашата економија, Владата на Србија на денешната седница донесе одлука во следните шест месеци да се прекине со сите воени вежби и сите активности со своите партнери, без оглед“, рече Вулин.
Претходно, белоруското министерство за одбрана соопшти дека припадниците на Армијата на Србија во втората половина на септември ќе учествуваат на воена вежба со Русија, во Белорусија.
Воениот аналитичар Александар Радиќ во изјава за агенцијата Бета, оцени дека одлуката на српската влада е единствен излез од кризата која ја компромитира Србија во воената соработка со другите држави.

„По договорот во Вашингтон со Приштина, наглото заладување на односите со Русија и кризата во Белорусија, беше тешко да се замисли дека припадниците на Армијата на Србија ќе заминат на воена вежба во Белорусија, кои се планирани на самата граница со Полска, која е членка на НАТО“, изјави Радиќ.
Воениот аналитичар оценува дека Србија „драматично и брзо“ се оддалечила од соработката со Русија и нејзините сојузници. Тоа било јасно „по првите критички тонови“ по веста дека Србија купила кинески систем за противвоздушна одбрана, а потоа тоа „експлодирало“ по состанокот во Вашингтон.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи