1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студија: Кина практикува тајни договори за кредитите

Николас Мартин
10 април 2021

Не беа наменети за јавноста – но, некои научници сепак имаа можност да анализираат кинески договори за кредитирање. Според нив, Пекинг вешто ја користи својата надмоќна позиција во преговорите. 

https://p.dw.com/p/3rY43
Sri Lanka | Hambantota International Port
Фотографија: Liu Hongru/Xinhua/imago images

Кина од 2000. година  зачестено позајмува големи суми, особено на земји во развој и транзиција. Во фокусост на кредитирањето се пред се земји кои ја поддржуваат кинеската иницијатива за Новиот пат на свилата. Тоа е голем инсфраструктурен проект кој преку повеќе економски коридори треба да ја поврзе Кина со повеќе од 60 земји во Азија, Европа и Африка. Народната Република притоа делумно финансира мрежа од пристаништа, железнички линии, улици и индустриски паркови. „Преку иницијативата Кина стана најголем јавен доверител за земји во развој″, вели Кристоф Требеш од Институтот за светска економија во Кил. Тој заедно со повеќе колеги ги истражувал условите во кредитните договори на кинески развојни банки со земји од третиот свет. „Државните банки настапуваат како многу изверзирани кредитори, кои вешто ја користат надмоќта во преговорите за своја предност“, вели Требеш во соопштение на Институтот. 

Договорите за кредитирање со други земји по правило се држат во тајност. На Институтот во соработка со американски научни центри му успеало да дојде до 100 де факто тајни кредитни договори на Кина со 24 земји во развој тешки вкупно 36,6 милијарди долари. 

„Невообичаено екстензивни клаузули за тајност"

Научниците ги споредиле кинеските кредитни договори со 142 јавно достапни договори на други големи земји кредитори и наишле на невообичаени карактеристики. Според резултатите од истражувањето кинеските договори содржат „невообичаено екстензивни клаузули за доверливост", понекогаш дури и постоењето на самиот кредит е држено во тајност. Упадливо било и што договорите со текот на времето стануваат се порестриктивни во клаузулите за тајност. 

China  Xi'an Frachtzug Neue Seidenstraße
Новиот пат на свилата: кинески воз во пристаниште во ЛитванијаФотографија: picture-alliance/dpa/Imaginechina/L. Qiang

Од 2014 наваму во секој анализиран договор е содржана клаузула за тајност. Научниците критикуваат дека на тој начин договорите стануваат „нетранспарентни” за даночните обврзници кои на крајот се оние од чии пари се финансираат кредитите. Освен тоа, други даватели на кредит не можат точно да го проценат бонитетот на една земја. Освен тоа договорите им даваат предност на кинеските државни банки во однос на други доверители. Во повеќето случаи на должниците им е забрането реструктурирање на долговите со други доверители. Многу договри „на Кина и даваат голем простор за раскинување на договорите или забрзување на побарувањата доколку не е задоволна со политиката на еден должник" – на пример ако дојде до прекин на дипломатските односи. Па така многу договори имаат и т.н. „No Paris-Club" клаузули. Со тоа се мисли на еден гремиум чија цел е земјите кои западнале во потешкотии со плаќање да се ослободат од долговите. Клаузулата пак ги обврзува земјите во таков случај Кина да не е погодена од простувањето на долговите. 

Дебата за кинеската должничка замка

Тимот аналитичари доби пристап до договорите преку владините веб-страни на земји должнички. Според резултатите од студијата, кредитните услови им отежнувале на земјите кои поради корона-пандемијата се во финансиски потешкотии „да ја стават под контрола нивната должничка ситуација“, велат авторите. 

Повеќе на темата:

Кој носи подароци на Балканот?

Кина со големи планови за Грција

ЕУ плаќа, Кина гради - и заработува!

Скандал со автопатите-претходната Влада потпишала одговорност за пропустите!

Веќе подолго време економистите и експертите за Азија посочуваат дека Кина се повеќе се обидува да ги вовлече во должничка стапица земјите во развој и неразвиените земји – со други зборови да ги направи силно зависни преку нивните кредити со што ќе си обезбеди полесен пристап до големи проекти како пристаништа или патишта. 

Но, не сите научници ги поддржуваат ваквите тези. Дебора Бројтигам од Џон Хопкинс Универзитетот, и една од водечките експерти за односите меѓу Кина и Африка, ја нарече должничката стапица „мит“. Според нејзините анализи, кинеските банки се подготвени да ги преструктуираат условите за постоечките кредити. Исто така Пекинг, наспроти честите такви тврдења – никогаш не конфискувал имот на некоја земја, вели оваа аналитичарка за „Атлантик“.