Републиканец ќе биде нов гувернер на Вирџинија
3 ноември 2021Републиканецот Глен Јангкин е избран за нов гувренер на Вирџинија, поразувајќи го гувернерот Тери Меколиф во деморализирачки неуспех за демократите пред конгресните избори наредната година.
Американските медиуми Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си објавија проекции дека Јангкин победил на гласањето во сојузната држава.
Јангкин, републикански тајкун кој никогаш порано не бил на избрана функција, беше политички аутсајдер додека се обидуваше да ги собере гласачите во предградијата за горливите прашања како што се како да се справи со дебатата за расизмот во училиштата и задолжителното носење маски во училниците.
Овој 54-годишник скокна во анкетите во неделите пред изборите, намалувајќи ја разликата со Меколиф, со освојување на независните и женските гласови. Овие групи се покажаа важни за неговата победа во јужната сојузна држава која во последните неколку години беше демократска.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој го поддржа Јангкин, загуби во Вирџинија во својата кандидатура за повторниот претседателски избор во 2020 година со разлика од 10 проценти во однос на Џо Бајден.
Исходот од изборите за гувернер нашироко се доживува како претскажување за конгресните избори во 2022 година. Тие ќе ја одлучат контролата во американскиот Конгрес, а со тоа и иднината на политичката програма на претседателот Џо Бајден.
Јангкин ќе го наследи демократскиот гувернер во заминување Ралф Нортман. Според законот на Вирџинија гувернерите не можат да држат последователни мандати. 64- годишниот Меколиф беше гувернер од 2014 до 2018 година. Тој на секој чекор најстојуваше да го поврзе Јангкин со Трамп. Неговиот пораз може да сигнализира дека демократите не можат да сметаат на натпревар против поранешниот претседател кога тој не е врвот на гласачките листови.