1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тензични протести во Скопје против францускиот предлог

БГ
4 јули 2022

Повеќе демонстранти ја пробија заштитната ограда и се обидоа да влезат во зградата на владата во Скопје. Откако полицијата ги спречи, дел се упатија пред зградата на Собранието.

https://p.dw.com/p/4DeN6
Nordmazedonien: Proteste gegen Zugeständnisse an Bulgarien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ на третиот ден станаа насилни откако група демонстранти ја пробија заштитната ограда пред Владата во Скопје и се обидоа да влезат во зградата. 

Nordmazedonien: Proteste gegen Zugeständnisse an Bulgarien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

На протестот пред владата повторно дојдоа повеќе илјади незадоволни граѓани под мотото „Ултиматум– Не благодарам“. Набрзо по интонирањето на националната химна која ја отпеа Ламбе Алабакоски, кон владината зграда од првите редови на протестот полетаа првите јајца, шишиња и петарди. Група од десетина, претежно млади, демонстранти најпрво ја урнаа заштитната ограда, а потоа тргнаа кон влезот во владата. На скалникот беа сопрени од полициски кордон и обидите да продолжат натаму не беа успешни. 

Nordmazedonien: Proteste gegen Zugeständnisse an Bulgarien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Поголемиот дел од собраните граѓани пред владата останаа настрана и со бодрење ги поддржуваа обидите на малата група да го пробие полицискиот кордон.

Демонстрантите скандираа „Оставка“, „Никогаш северна, само Македонија“, „АСНОМ живее“, „Бугарски фашисти“ и пееја патриотски песни.

Поголема група демонстранти продолжи кон Собранието каде исто така беше урната заштитната ограда, но мал полициски кордон ги спречи демонстрантите да се доближат до влезот во зградата. Скандирањето таму во поголем дел беше насочено кон претседателот на државата Стево Пендаровски. Протестот пред Собранието заврши околу 21 часот. 

Nordmazedonien: Proteste gegen Zugeständnisse an Bulgarien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Повод за протестите е францускиот предлог за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и други партии и здруженија, кои повикаа на протести, сметаат дека предлогот е неприфатлив и треба да се отфрли. Владата викендов започна процес на консултации за предлогот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема