Терористот од Менхетен си го велича чинот
2 ноември 2017Обвинителството на Њујорк поднесе кривична пријава против атентаторот од Менхетен за поддршка на странска терористичка организација. На првите сослушувања во болницата, Сајфуло Саипов призна дека за извршување на нападот бил инспириран од видеата на Исламска држава, изјави обвинителот Џон Ким. Во ќесе на местото на злосторството, истражувачите откриле мобилни телефони со илјадници фотографии и филмови поврзани со Исламската држава. Покрај тоа, на местото на злосторството, биле пронајдени белешки напишани на арапски јазик, кои потсетуваат на ИС.
Трамп повикува на смртна казна
Узбекистанецот, кој беше ранет од полициски службеник по нападот, не покажа каење, објавија истражителите. Наместо тоа, 29-годишникот побарал да му биде дозволено да го обесува знамето на ИС во неговата болничка соба.
„Тој рече дека се чувствува добро за неговото дело". Сајфуло Саипов целно го избра денот на „Ноќта на вештерките" за нападот, зашто поаѓал од тоа дека тогаш повеќе цивили се на улица", се вели во соопштението. Отпрво, исто така, размислувал да го прицврсти знамето на ИС на пикап-возилото, со кое тој влета на велосипедската патека и уби осум луѓе. „Но, одлучил против тоа, бидејќи не сакал да привлече внимание", вели истрагата.
Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме побара смртна казна за напаѓачот. „Терористот од Њујорк бил среќен кога прашал дали знамето на ИС смее да го обеси во својата болничка соба", напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер. „Тој уби 8 лица и сериозно повреди 12. Тој треба да ја добие смртната казна!"
ФБИ пронашла втор Узбекистанец
Во меѓувреме, Федералната полиција на САД , ФБИ јави за брз успех во истрагата. Имено ФБИ пронашла втор Узбекистаец од кого се надева дека ќе добие повеќе информации за нападот на Менхетен. 32-годишниот Мухамадзор Кадиров бил пронајден помалку за помалку од еден час по издавањето на потерницата по него, соопшти ФБИ, но не наведе повеќе детали за тоа.