1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тесла“ сега вреди осум пати повеќе од „Фолксваген“

ЖА / агенции
26 октомври 2021

Американскиот производител на електромобили влезе во ексклузивниот клуб на фирми во САД со вредност над еден билион долари. Мега-порачката на фирма за изнајмување автомобили го катапултираше берзанскиот курс на „Тесла“

https://p.dw.com/p/42CBf
USA Tesla
Фотографија: Mark Hertzberg/ZUMA Wire/picture alliance

Големата нарачка на фирмата за изнајмување автомобили „Херц“, доведе до тоа американскиот производител на електрични автомобили „Тесла" да доживее бум на берзата: акцијата на компанијата вчера скокна за 13 % на околу 1025 долари од акција, што на претпријатието му донесе соодветно пазарно капитализирање. Со тоа  „Тесла“ на берзата сега вреди речиси двојно повеќе од „БМВ", „Дајмлер", „Фолксваген", „Тојота", „Џенерал моторс", „Форд" и „Стелантис" заедно.

„Херц“ најави купување на 100.000 автомобили од „Тесла" до крајот на идната година.

„Електричните автомобили сега се меинстрим, во светот ќе растат понудата и побарувачката“, изјави главниот директор Маркс Филдс, а неговата фирма сака да ја има најголемата флота на електрични автомобили во северна Америка и една од најголемите во светот. 

Црвената „Тесла“ во вселената

„Тесла“  минатата недела најави солидни добивки и раст на обртот, без оглед на недостигот на материјали за производство во светот. Укажувањето на американската Служба за безбедност во сообраќајот дека „Тесла“ не ги применува важните безбедносни укажувања во рамките на програмата за возачки асистенции, се чини дека нема негативен одек на берзата.

Порачката на „Херц“ одговара на отприлика една десетина од сегашниот годишен производен капацитет на „Тесла“. За да ја задоволи и онака веќе енормно нараснатата побарувачка, „Тесла“ мора што побрзо да ја заврши изградбата на нови фабрики, меѓу кои и онаа во  Гринхајде кај Берлин,  која доцни поради низа бирократски пречки.