1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Казна за непослушната Германија

Миодраг Шориќ
8 јуни 2020

„Старата Сојузна република беше држава без надворешна политика“, изјави еднаш американскиот министер за надворешни работи Хенри Кисинџер. Доналд Трамп очигледно жали за овие времиња, коментира Миодраг Шориќ.

https://p.dw.com/p/3dRHm
USA | Washington DC -  Trumps Königreich
Фотографија: imago images/ZUMA Wire/D. Mills

Смее ли Германија да има сопствени интереси и да си ги следи? Одговорот од Вашингтон се чини дека е јасен: само со благослов од американската влада! Таа им се закани со санкции на европските компании кои се вклучени во завршувањето на веќе 96% реализираниот гасовод Северен ток 2. За потсетување: овој гасовод треба да ги заобиколи сите други земји и на морското дно да пренесува гас од Русија кон Германија, од каде потоа ќе се транспортира во останатите ЕУ-земји.

Германија живее од извоз. На нејзината индустрија ѝ е потребна енергетска сигурност. Поради тоа стопанството и владата ја поддржуваат изградбата на гасоводот. Но, таа се обидува во својата политика да ги вклучи и оние кои имаат резерви кон проектот – пред сѐ Полска и Украина.

Амбасадор како подгревач на атмосфера

Но, на Белата куќа не ѝ е грижа за тоа. Претседателот Трамп сака по секоја цена да го спречи гасоводот.  Еден од неговите тврдолинијаши е досегашниот американски амбасадор во Берлин, Ричард Гренел. Во меѓувреме малку дипломатскиот дипломат де факто даде разумен придонес за билатералните релации. Тој си даде оставка на функцијата заклучно со 1 јуни и ја напушти земјата. Друг гласен агитатор против гасоводот е Тед Круз, ултрадесен републикански сенатор од Тексас. Човек кого сопартијците го викаат „олицетворение на ѓаволот”. Некои велат дека ако Круз се најде тешко повреден во Конгресот, никој не би викнал брза помош. Тед Круз со години е спонзориран од американската фрекинг-индустрија, која својот производ сака да го продава во Европа. Нивниот проблем е што технички компликуваното производство на американски гас го прави поскап од рускиот. Значи, Вашингтон - кој би го помислил тоа за некогашниот борец за слободен пазар - бега од конкуренцијата.

Soric Miodrag Kommentarbild App
Миодраг Шориќ, автор на коментарот

Поедноставно е да се заканиш со санкции. Политика која Трамп си ја нарекува „Америка на прво место“. А, за тоа е подготвен дури и да ги загрози релациите со еден од најверните сојузници. Јавно ја фали Меркел. Но, медиумите и владини претставници истовремено откриваат деканивните разговори се бурни. Канцеларката е сосема поинаков тип од, на пример, еден црногорски премиер, кого американскиот претседател едноставно го ‘трга’ настрана ако пречи на патот. Со Меркел тоа не е можно и таа не дозволува да биде заплашена. А, тоа изгледа многу го нервира Трамп.

Повлекување на третина од американските војници

Сега сака тоа да го казни и уште годинавада повлече околу 10 илјади американски војници од Германија.Повеќето Германци тоа речиси и не ги засега сѐ додека земјата не се соочува со воена закана однадвор, особено што со години се критикува звучното и оптоварувањето за околината од страна на американските сили. Од повлекувањето се плашат само градоначалниците и економските претставници од местата каде е стационирана американската војска. Но, Американците се во Германија присутни прво заради тоа што е во нивен личен и интерес на НАТО (комплетните активности во Ирак и Авганистан се водат од тука).

Ако Трамп повлече поголем контингент ќе си наштети само себеси и ќе ги отуѓи САД уште повеќе од Европа. Од тоа ќе профитира Кина. Секој конфликт во рамки на западните сили ја јакне позицијата на Пекинг спрема Вашингтон. Онака како што Американците актуелно се однесуваат во трговскиот спор со Кина, тешко може да сметаат на помош од ЕУ. Напротив. Берлин од јуни го презема претседателството со Европскиот совет. Меркел и натаму се држи до планот за средба на шефовите на држави или влади со кинескиот претседател Ши Џинпинг, и покрај тоа што првично планираниот термин за средината на септември е откажан поради пандемијата на корона. Непосредно пред претседателските избори во САД таков термин би бил секако дипломатска провокација. Трамп не би бил поканет. Како набљудувач би можел само да твитнува по нешто на темата.

Надеж за  трети ноември

Ако во ноември изгуби, релациите помеѓу САД и Германија би можеле брзо да се нормализираат. Противкандидатот од демократите, Џо Бајден, разбира дека и Германија има и смее да следи свои интереси.