Филипче: Есента ќе донесе многу поголеми предизвици
26 јуни 2020Есенските месеци, според мислењето на министерот за здравство Венко Филипче, можат да претставуваат сериозен предизвик за здравствениот систем, многу поголем од првиот и вториот бран, не само во земјата. Болниците веќе се подготвуваат, се прави план за искористување на капацитетите, иако целта е да не дојде до тоа.
На денешната прес-конференција тој изјави дека репродукцискиот фактор во последните 5-6 денови е под 1, очекува така да остане и во летните месеци.
Повеќе:
Ковид-19: Блефирањето „поисплатливо“ од тестирањето?
Бројките велат дека ЕУ ќе остане затворена за македонските граѓани
Аеродромите се отвораат, летови засега нема
Мухамед и Бисера Зеќири го победија коронавирусот: Две недели ужас и неизвесност
Министерот Филипче побара од сите активно да се вклучат и обединат во борбата против коронавирусот, зашто таа ќе трае, мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Министерството за здравство иницира за таа цел и заедничка средба со претставници на владата, невладините организации и верските заедници. Министерот за здравство се надева оти сѐ поголем број граѓани ќе ја сфатат сериозноста на проблемот и ќе се придржуваат кон мерките за спречување на ширењето на вирусот.
Според податоците, во изминатите 24 часа во земјата се потврдени 163 нови случаи, а три лица починале од коронавирус. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 5.758, бројката на оздравени пациенти е 2.206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.284.